СДС и ДУИ го закопаа и македонското право, во случај на спор за коридорите, арбитражата ќе биде по правото на Англија и Велс, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
04042023_PVRSM_Kovachevski_koridor8-1

Во договорот за изградба на коридорите 8 и 10, кој до ВМРО-ДПМНЕ е доставен од укажувачи, пишува дека Владата при меѓународна арбитража, прифатила да се пресудува според законите на Англија и Велс, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Во делот во договорот, посветен на арбитража “Побарувања, спорови и арбитражна” точка 20.7, страница 122 од договорот, јасно е наведено дека во случај на арбитража за надминување на спор, при реализација на Договорот, “конечна ќе биде одлуката на меѓународна арбитража во согласност со Правилата за арбитража на Меѓународната стопанска комора” , а подолу се прецизира дека Седиштето на арбитражата ќе биде, пред Меѓународниот арбитражен суд на Меѓународната Стопанска комора, а ќе биде применето материјалното право на Англија и Велс.

— реклама —

Повеќе од јасно е зошто власта го крие овој штетен договор од граѓаните, каде по основ на пенали, веќе се исплатени околу 120 милиони евра, без едно камче да биде ставено, каде се планира 60 часа работна недела, каде се кршат законите за урбанизам, каде ќе има градење без дозвола, градење врз археолошки локалитети итн.

— реклама —

Некој за овој штетен договор ќе одговара, одговорност мора да има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања