„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДС си најде нова опсесија, сега им сметаат Унгарија и Виктор Орбан на кои Заев јавно им се заблагодаруваше, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Заврши опседнатоста на СДС со Александар Вучиќ и соседна Србија, сега си најдоа нова опсесија, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ

— реклама —

„Откако со недели и недели ја труеја македонската јавност со соседната земја, до степен човек да не можел да ги разликува дали биле опозиција во Србија или пак во Македонија, сега отидоа малку по на север и се фатија со Унгарија.

СДС на чело со Венко Филипче, очигледно, живее во некој паралелен, измислен, универзум штом со ништо друго не се занимаваат освен со теории на заговор, дека се е против нив, небаре се центар на светот.

— реклама —

Ваквите состојби кај луѓето бараат професионален третман од стручни медицински лица, за што се надеваме дека ќе се обратат кај лекари и побрзо ќе ја надминат ситуацијата.

Или пак, ваквата нивна илузија е нивен свесен чекор, за да избегаат од реалните проблеми и состојби во самата СДС, само и само да не му се загрози претседателското столче на Филипче, за што има се погласни повици да си замине од партијата, која ја имаат заробено со кланот Дубаи.

Кога сме кај кланот Дубаи и Зоран Заев, ги прашуваме СДС добри ли му беа Виктор Орбан и Унгарија за време на седумгодишното владеење кога реализираа бројни средби во Македонија и Унгарија со високи делегации, кога лично Заев изразуваше голема благодарност кон унгарската Влада за соработка и помошта која му ја даваа на нашата држава.

Наместо да лутаат како безидејни, што и се, им препорачуваме што побрзо да си погледнат во сопствениот двор и да се зафатат со решавање на внатрешните проблеми, зошто никој на СДС и Венко Филипче не им е крив за проблемите во партија, освен тие самите кои не слушаат никого, ни членство, ни поддржувачи, туку си тераат по свое.

Дополнително прашуваме, каде во свет лице фатено на дело да шмрка кокаин, дели лекции за морал“, се вели во реакцијата.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања