Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: „Ако е утврдена одговорност – зошто се кријат имињата на клиниките и лекарите?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarygb1krvgfnl0e7HvwsVY

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, упати силна критика кон министерот за здравство Азир Алиу, обвинувајќи го дека начинот на кој го презентирал прелиминарниот извештај за непотребни кардиоваскуларни операции во приватни клиники создава сериозни сомнежи за прикривање на одговорност.

Кузеска потсети дека самиот министер јавно изјавил оти комисијата „утврдила“ најмалку десет случаи на непотребни интервенции, но истовремено тврдеше дека извештајот не е финален – токму поради тоа имињата на клиниките и лекарите не се соопштуваат.

— реклама —

„Како може нешто да биде утврдено, а да не биде финално? Што се чека за ’финалната фаза‘? Што ќе се менува и што се договара додека јавноста чека?“ – праша портпаролката, додавајќи дека таквото однесување остава простор за манипулации и можни договори зад затворени врати.

— реклама —

СДСМ смета дека со тоа се испраќа погрешен сигнал дека можни виновници се штитат, а не се обезбедува транспарентност во исклучително сериозен скандал кој ја потресе јавноста.

„Ако има лица кои погрешиле – мора да се именуваат. Ако има клиники што вршеле непотребни операции – мора да бидат објавени. Сѐ друго значи сомнеж, сенка, амнестија,“ рече Кузеска.

— реклама —

Партијата нагласи дека огромното мнозинство медицинари работат чесно и професионално, но дека министерот, со тоа што не ги објавува наодите, всушност ги става сите под сомнеж и го руши угледот на здравствениот систем.

СДСМ бара итно и целосно објавување на извештајот во фазата во која се наоѓа, без селекции и преправки, вклучително и:

  • имињата на клиниките што ги извршувале спорните операции,

  • сите членови на комисии, консилиуми и управители кои носеле одлуки за упатување и оперирање пациенти,

  • активација на Јавното обвинителство, ДКСК и Финансиската полиција поради сомнежи за коруптивни практики и незаконско профитирање,

  • како и обезбедување правна и психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.

„Само целосна транспарентност може да ја зачува довербата во здравството. Сѐ друго е удар врз системот,“ заклучи Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 19 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 21 час

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања