Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Арамијата собра сто луѓе, многу помалку отколку за Илинден - на празникот на оние што се бореа против Ванчо Михајлов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryjfqruma9sjia1aAk49y

Мицкоски зборува за исправена глава и несвиткана кичма. Пред Бугарија. За Европа. За достоинство. На 11 Октомври, велат од опозициската СДСМ.

„На денот на Народното востание. На празникот на оние што се бореа против окупаторот и против Ванчо Михајлов.

— реклама —

А собрал едвај сто луѓе.

Падот на ВМРО-ОКГ се гледа и тука. Партиските војници повеќе не доаѓаат да го поддржат. Се виде за Илинден. Се гледа и денес.

— реклама —

Освен сто платеници и најблиски соработници на бандата, никој друг нема.

Не може арамијата да собере народ. Не на овој датум. Не на оваа борба. 11 Октомври не е негова сцена. 11 Октомври е на оние што не се потчинија, на оние кои не зедоа туѓ пасош за да глумат патриоти, на оние што не го викаа народот талог.

— реклама —

Кампањата му е по Ванчо и речникот му е по Ванчо. Талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Па доаѓа на празникот на оние што се бореа токму против тоа и зборува за исправена глава.

Глава се исправа со реформи, со подобар живот, со независно судство, со европско обвинителство. Со Лаура Ковеши. Со закон што важи за сите. Не со говор пред сто луѓе. Не со ходник дипломатија. Не со провокација пред средба.

— реклама —

Кичмата не се исправа на 11 Октомври ако речникот е од Ванчо. Народот го знае својот празник. Не му треба арамија да му објасни за достоинство.

Достоинството е во борбата што ја памети. Не во бандата што ја води“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryn3d4hek0c1pu1TtueqE

Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам, велат од СДСМ

Македонија | пред 7 часа

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 2 дена

media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања