Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ: Арсовска бега од дебата, свесна дека празни ветувања во дискусија „еден на еден“ не можат да поминат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
danela-arsova-2

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, не се појави на за синоќа закажаната ТВ дебата на Канал 5, во која требаше да се соочи со Петре Шилегов. Со тоа, таа ја продолжи старата практика на ВМРО ДПМНЕ, односно, кога немаш решенија, аргументи или проекти, кога пораките се само евтин популизам, не се оди пред оние кои треба да те изберат. Сите добро знаеме како тоа се завршуваше во поновата историја и на Скопје и на Македонија – со измама на гласачите и назадување на градот. Избегнувајќи ја дебатата, г-ѓа Арсовска, уште еднаш покажа дека не ѝ се важни гласачите бидејќи не сака аргументирано да објасни што

— реклама —

всушност им нуди на граѓаните и на Скопје. Таа покажа и дека се плаши од отворен, директен дуел со Петре Шилегов бидејќи е свесна дека празни ветувања во дискусија „еден на еден“ не можат да поминат.

Нејзиниот страв потекнува од нејзините сопствени сограѓани за кои нема решение за основните комунални и социјални прашања, а во дебата ова би било повеќе од очигледно. Но, граѓаните имаат право да знаат кој и како ќе управува со градот, кој има или нема реални и остварливи проекти, па затоа Петре Шилегов ја поканува г-ѓа Арсовска на дебата за медиумите, на место коешто таа сама ќе го одреди.

— реклама —

На Скопје му требаат одговорни и транспарентни политичари, политичари кои ги застапуваат вистинските интереси на скопјанките, скопјаните и Скопје, политичари кои ги почитуваат своите граѓани и пред кои се отчетни за своето водство. Тоа е минимумот кој кандидатите за градоначалници им го должат на нашите граѓани. Данела Арсовска свесно го игнорира тој факт, кој е етичка обврска кон скопјани. Свесно го игнорира, што е недозволиво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања