Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Арсовска ќе потроши 670.000 евра за вработување партиски кадри, а нема пари за парно за скопјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
266695852_400721481739184_765944474006890904_n

Градоначалничката Данела Арсовска освен што покажува неспособност и незаинтересираност за проблемите на скопјани, не работи ништо, вели СДСМ.

„Наместо да менаџира единствено што го прави е да бара пари и помош од Владата.

— реклама —

И покрај тоа што Владата има обезбедено 70 милиони евра за превоз во Скопје, таа бара пари од Владата за ЈСП.

— реклама —

Бара пари за парно, а Владата обезбедува 80% од трошоците за актуелната цена на парното.

Истовремено, додека бара пари Арсовска вработува 109 партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Арсовска нема пари за парно за скопјани, но издвојува 670.000 евра од парите на скопјани за вдомување партиски војници.

— реклама —

На Арсовска не и се даваат 1 милион евра за парно, за скопјани да не добиваат повисоки сметки за парно, но затоа нема проблем да потроши 670.000 евра за вдомување на партиски кадри.

Крајно време е Арсовска конечно да престане да бара оправдување за нејзината неспособност и да почне нешто да работи“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања