Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: Арсовска наместо да помогне околу кризата со топловодна енергија, бараше оправдувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
danela119iu4

Данела Арсовска целосно ги игнорираше маките на скопјани околу кризата со топловодна енергија и наместо да помогне преку Град Скопје таа бараше оправдувања, вели СДСМ.

„Арсовска уште еднаш покажа дека за неа не се битни интересите на граѓаните туку важни и се само личните и партиски интереси.

За разлика од негрижата на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ најде решение кое обезбедува топли радијатори за скопјани.

— реклама —

Со прогласувањето кризна состојба се преземаат мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија и заштита на стандардот на граѓаните.

— реклама —

Според постигнатите договори ТЕ-ТО наместо до 21.00 ќе работи до 01.00 после полноќ и со тоа ќе се произведе потребната топлинска енергија. До крај на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја превземе АД ЕСМ со што ке има доволно топлинска енергија за БЕГ“

АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење на БЕГ преку посебна сметка и за истото ке доставува извештаи до Владата. АД ЕСМ веќе поседува лиценци за топлинска енергија.

— реклама —

Со одговорен транспарентен пристап Владата предводена од СДСМ не дозволи над 50.000 домаќинствата во Скопје да останат без греење“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања