Промени тема
Контакт

СДСМ бара истрага за сите случаеви од поранешни и актуелни политичари од власта и опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Откако поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред суд признаа дека ја злоупотребувале службената положба во партиски цели, единствен отчет што треба да го даде Христијан Мицкоски е отчет за предметот Титаник, вели СДСМ.

„Поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ признаа дека постапувале незаконски, правеле изборни нерегуларности и незаконски финансирале кампањи.

Со нивното признание се потврди се она што беше објавено во Вистината за Македонија се потврди дека сите изборни процеси организирани од ВМРО-ДПМНЕ се нерегуларни.

— реклама —

По сето ова Мицкоски треба да им се извини на граѓаните и да си поднесе оставка а ВМРО-ДПМНЕ да ги врати парите.

— реклама —

Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е опкружен со исти луѓе на Груевски како Игор Јанушев, Александар Николовски, Антонио Милошоски...

Апелираме на брза и ефикасна истрага за сите случаеви од поранешни и актуелни политичари без разлика дали станува збор за оние од власта или опозиција.

— реклама —

Правдата конечно мора да надвладее“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања