Промени тема
Контакт

СДСМ бара повлекување на предлогот Жугиќ да биде член на УО на МКЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Zugik-23.03

Речиси два месеци после изборот, градоначлничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска покажува неспособност и носи одлуки кои се спротивни на интересите на граѓаните на Скопје, велат од СДСМ.

„СДСМ и граѓаните се противат на партизацијата и на последните скандалозни предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување лица на режимот на клучни позиции.

Предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на Младинскиот културен центар, култниот МКЦ треба да биде повлечен.

Актерката Јелена Жугиќ со години беше дел од режимот а најпозната е по скандалозното барање Шарената револуција да се спречи со гумени куршуми.

— реклама —

МКЦ не смее да се уништува со лица од режимот. Во оваа институција потребни се луѓе, професионалци со суштинско познавање на независната сцена и култура.

Ние сме на страна на граѓаните, ова е пример за очигледна и груба партизанија на институциите под надлежност на Град Скопје на којшто советниците од СДСМ се спротивставуваат.

— реклама —

Почитивани,

Наместо работа, реализација на капитални проекти, гледаме дека Арсовска единствено се зафаќа со прекинување на големи и важни проекти за скопјани, со партизација на јавните претпријатија во Скопје.

— реклама —

Арсовска вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе воведе бесплатен јавен превози и ова не само што не го исполни дури го откажува проектот и за БРТ.

Наместо да мисли како да ги смести кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска да се зафати за работи за доброто на граѓаните на Скопје“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања