Промени тема
Контакт

СДСМ бара реакција од ДКСК за постапките на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-956

Секојдневно Христијан Мицкоски се појавува на настани во општините каде се продолжуваат проекти на претходните градоначалници, вели СДСМ.

„Наместо пред граѓаните, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ своите проекти ги промовираат пред нивниот партиски лидер.

Изминатата недела во работно време градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вршеа увид и пуштаа во употреба локални проекти.

Дали се тоа градоначалници на сите граѓани или градоначалници само на ВМРО-ДПМНЕ?

— реклама —

Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините.

— реклама —

Во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на Јавни претпријатија под надлежност на општините?

Дали Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе реагира за оваа злоупотреба или чека некој друг да поднесе претставка?

— реклама —

Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше и премиер и министер и градоначалник.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е само копија на неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања