Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ брои ситно до седмата по ред победа над деструктивното и блокаторско ВМРО-ДПМНЕ, рече Филипче промовирајќи си ја партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

брои ситно до седмата по ред победа над деструктивното и блокаторско ВМРО-ДПМНЕ. Во недела, на 17 октомври СДСМ ќе слави низ цела држава – изјави денес потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче.

— реклама —

Денешниот ден тој го помина со граѓаните и граѓанките на Прилеп. Преку разговор и дискусија ги охрабри присутните во недела одважно и одлучно да го заокружат бројот 12, за уште поголеми успеси од досегашните.

— реклама —

Прилепчани знаат што е најдоброто за Прилеп и во недела својот глас ќе го дадат за другарот Горан Сугаревски и советничката листа на СДСМ, рече тој.

- Почитувани, на само два дена сме од денот кога ќе се потврди доминацијата и ќе се признаат досегашна работа и успесите на СДСМ. Во недела уште еднаш ќе покажеме и докажеме дека сме достојни на довербата на граѓаните, дека сме најдобар избор, најпрогресивна и најмодерна политичка сила.

— реклама —

За општини функционални и успешни како централната власт, во недела ќе го заокружиме бројот 12. За сигурна иднина која заедно ќе ја создаваме и живееме, за иднина во наши раце. Во недела без двоумење да го поддржиме најдоброто за нас, за општините, за државата.

— реклама —

За уште четири години успех и резултати. За уште четири години општини на граѓаните. Гласајте за себе, за вашата иднина, за државата. Заокружете 12, за да го живееме најдоброто - заврши Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања