Промени тема
Контакт

СДСМ: Чии играчи се Груевски и Мицкоски, дали криминалот ги поврзува?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Gruevski-i-Mickoski-na-16-kongres-na-VMRO-4-bg_resize

Цела Македонија уште еднаш го виде режимското лице на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, режимот делува најпанично кога целосно се распаѓа и кога го губи тлото под нозете, осветувајќи се и врз сопственото членство, реагира СДСМ.

„Анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски продолжуваат да им докажуваат на сите граѓани дека се против НАТО и ЕУ.Чии играчи се Груевски и Мицкоски? Дали криминалот е единственото нешто што ги поврзува? Нека излезат и јавно нека соопштат дека се против НАТО и ЕУ бидејќи очигледно е дека режимската лага веќе не им проаѓа ниту меѓу сопственото членство“, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Партијата на власт ги повикува сите демократски сили во земјата, сите пратеници и граѓани кои сакаат Македонија да успее како земја членка на НАТО и ЕУ, да се приклучат кон националното обединување.

— реклама —

„Македонија расчисти со поделбите на Груевски и Мицкоски. Македонија е земја во која институциите обезбедуваат правна држава по европски стандарди. Сега е време политички раскараните граѓани да се помират и Македонија да продолжи напред како економски силна земја, едно општество за сите. На едната страна се изолираниот режим и криминал на Груевски, на другата страна е растечкото национално обединување на граѓаните.Македонија избира обединување, режимот останува изолиран во својот бел бункер. Граѓаните на Македонија го ставија режимот на Груевски и Мицкоски во ќош“, порачува СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања