ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

СДСМ денес ќе го одржи 23-от партиски конгрес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nova_vlada_g111

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 23-от партиски конгрес на кој партијата треба да го потврди Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата на претстојните избори.

— реклама —

На отворањето на Конгресот е предвидено е обраќање на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, додека работниот дел ќе биде затворен за јавноста. На крајот на конгресот, кој повторно ќе биде отворен, ќе се обрати избраниот кандидат за претседател на државата.

— реклама —

Стево Пендаровски доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на 31-на политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција исите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.

Поддршката беше изразена на средба во петокот вечерта во Скопје по која премиерот Зоран Заев оцени дека ова е историска одлука и дека 31-на политичка партија заедно се обединија и покажаа дека националните се над партиските интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања