СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

Опозициската партија СДСМ соопшти дека резултатите од првиот круг на локалните избори покажуваат стабилизација и раст на поддршката во повеќе општини, и покрај тоа што резултатот не е целосно задоволителен за партијата.

— реклама —

„Вкупниот број гласови покажува дека СДСМ ја намалува разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ, ја зголемува предноста во однос на ЗНАМ и ја задржува стабилната предност пред Левица. Ова јасно укажува дека вкупниот амбиент се менува“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ „попусто се обидува да прикаже огромен триумф“, бидејќи според нивните податоци, владејачките партии бележат сериозен пад на поддршката. „И покрај сите притисоци, уцени, поткуп и злоупотреба на институциите, ВМРО-ДПМНЕ изгуби речиси 140.000 гласа од минатогодишните избори и падна под резултатот од 2021 година. Заедно со ЗНАМ, изгубија над 155.000 гласови“, стои во реакцијата.

— реклама —

СДСМ најавува дека ќе продолжи со работа на консолидација и ќе се фокусира на победа во повеќе општини во вториот изборен круг. Од партијата оценуваат дека имаат солидни резултати, но и дека ќе треба дополнително да се зајакне поддршката на терен, особено во средини каде што настапиле независни кандидати кои, како што велат, одзеле гласови од опозицијата.

„Во вториот круг СДСМ го зголемува својот коалициски капацитет. Коалицијата на СДСМ со граѓаните и со другите партии од опозицијата допрва ќе расте“, се наведува во соопштението, во кое се упатува порака до ВМРО-ДПМНЕ „да се соочи со фактот дека падот на гласови е резултат на катастрофалните политики во изминатата година“.

СДСМ најавува дека уште од утре продолжува со кампањата и ги повикува граѓаните и поддржувачите на другите кандидати што не влегоа во вториот круг, масовно да ја дадат својата поддршка за кандидатите на партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања