„Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска. Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помегне да го одбегнат поразот од народот кој им следи“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Потсетуваме дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши, тоа станува дел од нивната стратегија додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во 4 очи договорил да продаде со бугарската власт. Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. 4 стана, 2 хациенти е учинокот на Шилегов како градоначалник и еден тон лажни вести за прикривање на непособноста на Шилегов“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовска има бугарско државјанство и е почесен конзул на Унгарија, тврди пратеничката Славјанка од СДСМ
На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска.Ова е го документот, Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.„Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство. Или како што изворно пишува: „Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011
Скопје | пред 4 години