Промени тема
Контакт

СДСМ: Државата во 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството од 488 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Македонската економија е стабилна поставена на добри основи и се движи во добар правец, вели СДСМ.

„Бројни економски параметри покажуваат дека се надминати последиците од коронакризата, а економијата е подготвена за справување со претстојните предизвици.

Според официјалните податоци, државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството од 488 милиони евра што е за 22,8 % повеќе во однос на 2020 година, односно 20,8 % повеќе споредено со 2019 година.

Тоа значи дека економијата е ликвидна, а прометот зголемен.

— реклама —

Растот на Бруто домашниот производ, растот на индустриското производство и растот на просечната плата се сигурен показател дека економскиот раст ќе продолжи и во оваа 2022 година.

— реклама —

Растот на економијата за 2022 година е проектиран на 4,6 отсто, додека растот на капиталните инвестиции ќе биде повисок за 27 отсто во однос на претходната година.

Истовремено, ќе продолжи растот на минималната плата што со себе ќе донесе и пораст на просечната плата.

— реклама —

Тоа значи побрз економски раст, повеќе пари кај граѓаните и заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што ја движат економијата напред, обезбедуваат повеќе пари за сите граѓани и силна поддршка за домашното стопанство“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања