Промени тема
Контакт

СДСМ ги испразни хидроакомулациите и продаваа струја кога беше евтина, а сега купуваат кога е скапа, обвинува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
uploads_thumbs_resize_800x420_375394

СДСМ системски ја уништува државата со нивната неспособност да се справат со економската, енергетската, здравствената и сите кризи кои ги предизвикаа, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„И откако ја покачија цената на струјата затоа што ја оставија државата без свое производство - Ги испразнија хидроакомулациите и продаваа струја кога беше евтина, а сега купуваат кога е скапа, и не копаа јаглен кога требаше, за сега народот, фирмите, општините, јавните претпријатија, сите заедно да ја плаќаат нивната неспособност.

Сметките за струја на општините се и пет до шест пати повисоки во однос пред покачувањето. А, дотациите кои владата им ги дава на општините се помали во однос на претходните години.

— реклама —

И покрај тоа што знаеја дека последиците од економската и енергетската криза допрва ќе се чувствуваат, тие ги намалија парите предвидени за општините во однос на периодот кога со општините владееја кадри на СДСМ.

— реклама —

Ова покажува каква незрелост преовладува во СДСМ и дека се спремни на секакви саботажи.

Но, и покрај бројните опструкции градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за само 100 дена реализираа 1090 проекти, многу повеќе од што нивните претходници од СДСМ реализираа за 4 години.

— реклама —

Тоа се гледа и по тоа што ниту еден градоначалник од СДСМ и ДУИ, во дваесетината општини, каде што ја имаат локалната власт не направија отчет. Не направија затоа нема со што да се пофалат“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања