СДСМ го обвинува Мицкоски, откако ВМРО-ДПМНЕ кажа дека парите за прослава требаше да се пренаменети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
16-03-2021-Zaev1

Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме соопштението на СДСМ:

— реклама —

Мицкоски е заглавен во етнички поделби, Рамковниот договор е фундамент на државата и граѓанскиот концепт на соживот

— реклама —

Охридскиот Рамковен договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност - дека фундаментот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници.

— реклама —

Жалиме што и после 20 години, безидејните политичари како Христијан Мицкоски се уште обидуваат својата политичка егзистенција да ја остваруват преку сеење поделба меѓу граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не може да избега од сопствениот учинок во црните страни на нашата понова историја.

Воениот конфликт во 2001 се случи за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога бегалецот и осуден криминал Никола Груевски беше министер за финансии.

Охридскиот рамковен договор како документ кој донесе прекин на воените дејствија е потпишан и од ВМРО-ДПМНЕ.

Бегањето од одбележување на 20 годишнината од Рамковниот договор е тешко политичко лицемерие кое потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ сеуште е заглавена во поделбите по етнички линии.

“Македонија на сите луѓе” се покажа дека е уште една лага, не се прави со игнорирање на концептот на граѓанска држава и со промовирање чисто етнички политики.

Македонските национални интереси не се штитат со бегање, туку со решавање на проблемите.

Ако политичкиот пироман Христијан Мицкоски не е свесен дека сме полноправна членка на НАТО Алијансата ќе го освестат граѓаните кои ќе го казнат на претстојните локални избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања