Промени тема
Контакт

СДСМ го ранече Мицкоски „медицински пироман“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski27052021

Единствената цел на новите мерки и масовната вакцинација е заштита на здравјето на граѓаните и колективното здравје откако новиот сој на коронавирусот почна забрзано да се шири, соопшти СДСМ.

„ Мерките кои веќе се применуваат во многу други земји ширум светот, не прават поделби меѓу граѓаните, туку го заштитуваат нивното и колективното здравје. Личното право во ниеден случај не може да биде над правото на заштита на здравјето на сите граѓани.

Медицинскиот пироман Христијан Мицкоски, наместо да повика на почитување на постоечките мерки за заштита и масовна вакцинација, повторно е на страната на корона вирусот.

— реклама —

Од стартот на пандемијата, Мицкоски презема нечесни чекори за да го поткопа системот, за да поттикне непочитување на мерките и да ги одврати луѓето од масовната имунизација.

Ваквото однесување на пироманот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на здравствениот систем и претставува опасност по здравјето на граѓаните.

Граѓаните го казнија ова некрофилско и пироманско делување на Мицкоски и тоа ќе го сторат одново на претстојните локални избори.

— реклама —

Испраќаме апел до граѓаните да ги почитуваат новите мерки и да се вакцинираат. Повеќе вакцинирани, значат помалку хоспитализирани и помалку рестрикции, значат заштита на колективното здравје“ додаваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања