Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ го возврати ударот кон ВМРО-ДПМНЕ за покачената струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

ВМРО-ДПМНЕ е истата онаа нереформирана, деструктивна партија, која со шпекулации и плашење на граѓаните се обидува да извлече политички поени, да профитира од енергетската криза, исто како што правеше и во текот на глобалната пандемија со коронавирусот.

— реклама —

Она што ВМРО-ДПМНЕ избегнува да го каже е дека во текот на нивното владеење цената на струјата се покачи за 100%, дека инвестициите одеа во лажен барок, палми и жални врби, наместо во енергетски капацитети и тоа во времето кога Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски а потоа и директор на ЕСМ.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ширеше страв и паника кај граѓаните дека струјата ќе се покачи за 40 отсто, но Владата предводена од СДСМ, со мобилизација на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија успешно спречи ценовен шок и драстично зголемување на цената на струјата.

— реклама —

Истовремено за граѓаните од ранливите категории обезбедени се 60 милиони денари намалување на нивните сметки за електрична енергија во износ од 600 до 800 денари месечно.

— реклама —

Додека СДСМ бара решенија и се справува со проблемите, ВМРО-ДПМНЕ критикува, опструира, блокира на штета на интересите на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања