Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДСМ: Го заштитивме водно од системското уништување на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Vodno-10

Кога СДСМ ја презема управувањето со Град Скопје во 2017 година, парк-шумата Водно беше загрозена и на работ на уништување. Водно беше испресечено и уништувано од патот до „Сончев град“ и криминалниот проект

„Сончев град“ за кој се водат судски постапки, велат од СДСМ.

— реклама —

„Врвот на Водно беше девастиран од панорамската кула на АЕК, каде што Груевски си планираше ресторан со поглед на криминалите на „Скопје 2014“. Водно беше уништено од „Комплексот Панорама“ и од деструктивната идеја за „Беверли Хилс“ на Водно. Водно беше уништено од криминално донесените ДУП-ови, со поместување на градежната линија, заради плацовите на Груевски и неговите соработници од урбаната мафија.

— реклама —

Постоеше и дополнителен план за уништување на Водно со „Јужна обиколница“ кој ние го спречивме, како и налудничав проект на Коце Трајановски за сечење на парк-шумата и изградба на ски-центар, познат како „Гармиш Партенкирхен на Водно“.

— реклама —

Почитувани,

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов им вети на скопјани дека нема намера да ја поместува градежната линија на Водно во ниедна варијанта и дека јужната обиколница којашто е предвидена долги години во Генералниот урбанистички план ќе биде избришеме во наредниот ГУП. Благодарение на СДСМ, парк шумата Водно сега е заштитено подрачје – заштитено е од криминалните обиди за уништување од ВМРО-ДПМНЕ, партијата што стои зад Данела Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања