Промени тема
Контакт

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ наследија функционални општини, полни буџети и започнати проекти, а реализираа ништо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190420_222336

100 дена ВМРО-ДПМНЕ е на власт во најголем дел од општините, тоа се 100 дена неуспеси и неработење од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ.

„Граѓаните во овие 100 дена од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ видоа само партизација на општините и оправдувања за неработењето.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа неспособни и алчни. Тие се грижат само за своите, се грижат за тендери и набавки а бараат пари од Владата за струја и парно.

— реклама —

Неспособноста на градоначалниците ја покрива владата, 100 дена само барања за финансиска помош додека се трупаат партиски вработувања по општинските администрации.

— реклама —

Ако денот се познава по утрото, првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катаастрофа во локалните политики.

Наследија функционални општини, полни буџети и започнати проекти, но не реализираат ништо.

— реклама —

Тоа со сигурност ги прави најнеуспешни градоначалници кои ги лажат нивните сограѓани и ја изигруваат нивната доверба“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања