Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Граѓаните ја открија измамата со новогодишната кошничка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за профитот на трговците!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

„Таканаречената „новогодишната кошничка“ е нова измама на граѓаните од страна на власта. Повторно, како и со есенската кошничка, Владата свесно манипулира со граѓаните а ги штити трговците. Мицкоски намерно им остави време на трговците да ги качуваат цените, за сега, кога ќе се намалат, да нема никакво реално намалување. Нема да има намалување на цените но ќе има зголемување на профитите на грбот на граѓаните. Колку долго ќе гледаме како ВМРО-ДПМНЕ ги штити трговците и тајно договара лажни кошнички, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај“, вели Симона Цветановска, членка на Извршниот одбор на СДСМ и додава:

Еве ги фактите.

Пред воведување на „лажната кошничка“, трговците тивко и очигледно во договор со Мицкоски ги покачија цените на основните прехранбени производи за 15-20 %, со што ударот врз домашниот буџет на граѓаните стана уште посилен. За ова секојдневно сведочат граѓаните.

— реклама —

Конкретно, ако ги погледнеме цените во маркетите:

Пакување од 10 јајца сега се 90 денари, а неодамна чинеа 75 денари.

— реклама —

До пред две недели зејтинот се продаваше за 82 денари – сега е 89 денари.

Цената на кашкавалот најмногу се зголеми и сега е околу 500 денари за килограм.

За килограм кашкавал граѓаните сега мора да платат 497 денари, а беше 429 денари. Речиси 70 денари зголемување за кило. Исто е и со многу други производи.

— реклама —

„Новогодишната кошничка“ е само евтин ПР да се прикаже дека Владата нешто прави, додека суштински ништо не се менува.Ова не е „грижа за граѓаните“, ова е измама.

Додека граѓаните се борат за основните потреби, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ уживаат во комфор и високи плати. Фрижидерите на граѓаните ќе останат празни за новогодишните празници а Власта ќе се луксузира. Пензионерите и работниците со минимална плата се соочуваат со дилемата – дали да купат храна, да платат сметки или да издвојат за лекови.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ нема решенија, нема резултати – само лаги и манипулации.

Шест месеци власт, и оваа влада не испорача ништо освен зголемени трошоци за граѓаните.

СДСМ има решение! Вистинска мерка којашто ќе донесе реално и долгорочно намалување на цените е предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната. Ова е мерка којашто ќе трае цела година, а ефектите граѓаните ќе ги чувствуваат реално. Доста е од лаги. Граѓаните заслужуваат чесна и одговорна власт која работи за граѓаните, а не за трговците и нивните профити!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања