Промени тема
Контакт

СДСМ и Беса ќе коалицираат и на претстојните локални избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-kasami

СДСМ и Беса ќе коалицираат и на претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври, најави лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

„Коалицијата СДСМ – Беса минатата година постави нови стандарди во современото политичко дејствување во Северна Македонија. Денес оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата“, напиша Заев.

— реклама —

Тој додава дека со претседателот на Беса, Билал Касами, се согласиле дека партнерството во коалицијата ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори.

— реклама —

„Согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ“, напиша Заев на „Фејсбук“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања