Промени тема
Контакт

СДСМ и Калевска - Ванчева си поделиле 55 илјади евра државни пари, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Capture-10

СДСМ и Калевска - Ванчева се живи фатени како си поделиле 55 илјади евра државни пари преку институциите со кои раководат нивни кадри, вели ВМРО-ДПМНЕ

„55 илјади евра, пари на граѓаните завршиле во џебот на пратеничката Калевска- Ванчева.

Разработена е шемата на СДСМ, еден функционер директор дава илјадници евра пари на граѓаните, на друг функционер пратеник, преку нејзината адвокатска канцеларија.

— реклама —

СДСМ се надеваат дека со молчење ќе го затскријат овој скандал кои се вмешани нивни функционери.

Очекуваме одговор од пратеничката Снежана Калевска - Ванчева да одговори дали овие 55 илјади евра се единствените пари кои ги земало нејзиното адвокатско друштво, или има и други државни институции кои плаќале адвокатски услуги токму на ова адвокатска канцеларија?

— реклама —

Дали конечно ќе има некаква реакција од повиканите институции кои му исплаќале на адвокатското друштво на пратеничката, и дали конечно пратеничката Калевска - Ванчева ќе излезе и ќе и одговори на македонската јавност или пак ќе се извини за злоупотребата на парите од граѓаните?

— реклама —

Не молчат само СДСМ и Калевска - Ванчева туку молчат и најповиканите, Антикорупциска. Заспани во зимски сон, ни трага ни глас од комисијата која до сега требаше да започне постапка за овој случај.

Токму затоа Македонија е на дното на сите меѓународни извештаи по корупција. За овој и за сите скандали и криминали функционерите од СДСМ ќе одговараат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања