Промени тема
Контакт

СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден, повисоки плати за работниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден, повисоки плати за работниците, и како и досега ќе продолжат да работат во интерес на сите граѓани. Измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а 8 проценти од работниците за работа во недела да добиваат додаток до 100 отсто, ќе бидат донесени, вели СДСМ.

„Работниците и синдикатите се во право кога бараат донесување овие закони, кои опозицијата во парламентот упорно ги блокира.

— реклама —

Повеќе од јасно е дека опозицијата не се грижи за работниците и нивните права, туку за власт и само за власт, што и го покажаа, пред целата јавност, со своето однесување изминатите денови.

Блокадите и опструкциите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени.

— реклама —

Недела неработен ден, повисока минимална плата, се реализираат со парламентарно демократско мнозинство и стабилна Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период.

— реклама —

СДСМ продолжува посветено да работи за зголемување на стандардот и унапредување на правата на работниците“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања