„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДСМ: Институциите се борат против долгогодишниот комплексен проблем со аерозагадувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Долгогодишниот комплексен проблем со аерозагадувањето што 11 години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ денес се решава постојано и системски со целосна ангажираност на сите институции на локално и на национално ниво, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека власта не презема ништо против загадувањето на воздухот.

— реклама —

„Со силен порив се обновува зеленилото што цела деценија беше загрозувано поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Општина Карпош вчера ја заврши акцијата за засадување при што беа засадени 200 високовлатитени и повеќегодини дрва на различни локации во општината. Слична акција се спроведе и во општина Аеродром кадешто беа засадени 1.800 садници. Обезбедени се средства и започнат е процесот на набавка на 40 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје кои ќе треба да заменат дел од старите нееколошки автобуси. Автобуси на еколошки горива се набавуваат и во Прилеп и во Битола. Истовремено, засилен е инспекцискиот надзор и контрола врз загадувачите, за што се издадени мандати казни на голем број правни и физички лица загадувачи“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека преку субвенционирање на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети и инвертори, позитивно се влијае врз намалувањето на загадувањето што доаѓа од домаќинствата, но и јавните установи кои се затоплуваат на стар, скап и нееколошки начин.

— реклама —

„Проблемот со загадувањето е сложен, но сите надлежни институции низ здружена координирана акција активно се борат против сите извори на загадување. Низ сеопфатен, системски пристап се решава долгогодишниот проблем со загадениот воздух, со цел веќе за две години нивото на загадување да биде намалени за 50 отсто во Скопје и останатите поголеми градови и од 30 до 50 отсто во цела Македонија“, велат од СДСМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања