„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

СДСМ: Јанушев осомничен за штета од 5 милиони евра, нема промена во криминалната ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
janusev-1

Никаков нов концепт, никакви нови политики не може да понуди Христијан Мицкоски. Тој е опкружен со лица од режимот, лица кои се во судир со законите. Еден од нив е и Игор Јанушев сегашен пратеник а до неодамна прв соработник на Мицкоски како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

Против Јанушев е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба при набавката на кинеските автобуси.

— реклама —

Јанушев се сомничи дека го оштетил Буџетот за безмалку пет милиони евра, пари на граѓаните. Со ова обвинение се зголемува бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети и кои се наоѓаат пред судовите. Да потсетиме за истото кривично дело Злоупотреба на службената положба, на обвинителна клупа е и Антонио Милошоски, човек за кого има и пресуди од германски судови.

Криминал, деструкција, лажни вести и блокади, тоа е се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски е на браникот на криминалот на режимот и ништо друго, но бегање од правдата нема, секој што се огрешил пред законите мора да сноси одговорност.

Можат да се пребојуваат со сите бои, но тоа нема да го сокрие фактот дека во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски нема никаква промена.

Тоа на граѓаните им е одамна јасно, затоа немаат доверба во политиките на Мицкоски, затоа одново ќе го поразат ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори.

Со вакви криминални структури, со деструкции и блокади, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се соочат со нов пораз на претстојните избори, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања