Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

СДСМ: Каде завршувале стотици илјади евра што ги должат фирмите со кои менаџирала Арсовска?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-08-25-at-13.06.09

Инвеститор на Спортската сала „Расадник“ е град Скопје, а парите за спортската сала се собрани од сите скопјани по пат на самопридонес. Објектот на спортската сала „Расадник“ денес претставува градски срам, целосно деградиран и запуштен.

Постојат сериозни докази дека средствата од самопридонесот на скопјани се злоупотребувани и раскрчмувани токму од страна на лицето Данела Арсовска, која катастрофално ја менаџирала спортската сала „Расадник“.

— реклама —

Пред фактите и боговите молчат, затоа молчи и Данела Арсовска и се обидува да избега од прашања за нејзиното користење и упропастување на Спортската сала „Расадник“.

— реклама —

Факт бр. 1: Постои фирма со име „Империал - Данела“ која има договор за користење на сала Расадник до 2026 година со закупнина од само 1.000 евра месечно.

— реклама —

Еве го Договорот за закуп на спортска сала Расадник, со печат од фирмата „ИМПЕРИАЛ Данела“ склучен на 1.01.2002, кога министер за финансии е Никола Груевски. Даниела Јовановска (моминското презиме на Арсовска) е директор на фирмата „ИМПЕРИАЛ Данела“, со адреса „Благоја Гојан бр. 24“ на која се наоѓа сегашниот Хотел Империјал во Скопје, во сопственост на нејзиниот татко.

Факт бр. 2: Овој документ покажува дека спортската Сала „Расадник“ во 2021 должи струја од речиси 3 милиони и 330 илјади денари, или над 54.000 евра, и е доказ за катастрофално менаџирање!

Факт бр. 3: Овој документ докажува дека фирмата „ИМПЕРИАЛ Данела“, со која директорувала Данела, била затворена со долг кон Јавното претпријатие од 8 милиони денари, или над 130 илјади евра!

Почитувани, Скопјани имаат право да знаат дали фирмите на Данела Арсовска, дел со седиште во Сала Расадник, ја менаџирале и упропастувале Спортската сала „Расадник“ изградена со самопридонес на скопјани.

Јавноста има право да знае каков менаџер била Арсовска, и каде завршувале стотици илјади евра што ги должат фирмите со кои менаџирала Арсовска. Ако Арсовска е транспарентна пред јавноста, нека не избегнува новинарски прашања и нека одговори: Кој период менаџирала со фирми кои ја закупувале Спортската сала „Расадник“, или имале седиште во неа како што се фирмите „Империал ДООЕЛ“, „Империал Спорт“ и „Ројал

Груп“?

Дали со стотиците илјади евра што ги должи за струја и кон ЈП, фирмите на Данела Арсовска „Империал Данела“ „Империал ДООЕЛ“, „Империал Спорт“ и „Ројал Груп“ развивале бизнис со луксузни хотели во Скопје кои носат име Империјал и Ројал?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања