Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДСМ: Каматата веќе не смее да биде поголема од долгот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Собранието ги усвои дополнувањата на Законот за облигациони односи по предлог на парламентарното мнозинство од СДСМ. На овој начин исправивме уште една голема неправда кон граѓаните и компаниите, велат од СДСМ.

„Дополнувањата на Законот, кои во сила стапуваат веќе следниот месец, пропишуваат каматата на неплатениот долг да престане да расте кога ќе достигне износот на главнината, односно каматата повеќе не смее да биде повисока од износот на долгот.

— реклама —

Тоа значи дека ако одреден граѓанин или фирма имале долг од пред десеттина години, на сума од 1.000 денари, каматите што се таложеле со години и кои на крајот ќе треба да ги плати, нема да бидат повисоки од 1.000 денари.

— реклама —

Со овие измени ставаме крај на ситуациите кога за долг од на пример 500 денари должникот мораше да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати.

— реклама —

Законското решение ќе важи и за граѓаните и за компаниите, и ќе се однесува на долгови од секаков карактер, на пример за застарени сметки за струја, вода, телекомуникациски услуги, обврски кон банки и слично.

СДСМ како одговорна партија продолжува да реализира мерки и политики кои обезбедуваат подобри услови за работа на компаниите и повисок животен стандард за граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања