„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДСМ ќе бара оставка од двајца градоначалници во Скопје?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
zaev-1-702x459

— реклама —
По најавата за „метла“ на функционри кои не служат доволно добро на народот, од редовите на владејачката партија, таа најверојатно ќе „заигра“ и меѓу градоначалниците во неколку скопски општини.

— реклама —
Според неофицијални информации, се разгледувала можност да им бидат побарани оставки на двајца градоначалници на скопски општини, каде што е евидентиран најиндикативен пад во однос на последните локални избори, и кои беа често на тапет на јавноста поради лоши потези, посебно во делот на урбанизмот.

Проценките, наводно, се дека е подобро да се организираат дополнителни избори во тие општини, макар и да победи ВМРО-ДПМНЕ, отколку да продолжи да се нарушува имиџот на СДСМ со непродуктивно и неажурно работење на дел од локалните власти. Соговорниците на „Независерн весник“ најавуваат посебна анализа за потфрлањата во главниот град на овие избори, наспроти убедливата победа што беше остварена во сите скопски општини и во градот во целина на локалните избори пред една и пол година.

Посебно се посочуваат општините Кисела Вода и Гази Баба, каде што е забележан најголем пораз, но и Аеродром и Ѓорче Петров, во кои ВМРО-ДПМНЕ исто така обезбеди подобар резултат од СДСМ. На скопскиот градоначалник Петре Шилегов, пак, меѓу другото му се забележува дека истовремено е и потпретседател на партијата, така што проценките се дека не придонел доволно за подобар резултат во главниот град.

Од друга страна, се посочува и на одреден „кадровски дисбаланс“ во изминатиот период по преземањето на власта, така што на најистурени позиции предност им беше дадена на кадри од внатрешноста, за на крајот да се нотираат послаби резултати од опозицијата во многу општини – и во Скопје и во внатрешноста.

Такви анализи, впрочем, се прават и за другите градови каде што е воочена поголема загуба на гласови. За Прилеп, од каде што, на пример, почна кампањата на Пендаровски се посочува дека е алармантна загубата на гласови во периодот од две недели – од околу сто гласови предност на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг до близу 1.500 во вториот круг. Особено ако се има предвид дека оваа општина е мошне солидно кадровски застапена во централната власт, така што има еден министер, двајца пратеници и уште неколку раководители на истурени позиции.

Извор: Независен.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања