Промени тема
Контакт

СДСМ: Ќе обезбедиме повисока минимална плата и недела неработен ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
denari

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Левица упорно се противат на измените на Законот за работни односи, се противат недела да биде неработен ден за 92 отсто од работниците, а преостанатите 8 отсто кои ќе работат во недела да добиваат до 100 отсто зголемена дневница, вели СДСМ.

„Закочени се и законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат решение за трајно вработување со што ќе стекнат правна и економска сигурност.

Блокиран е и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани не може да им се помогне да го решат проблемот со задоцнето плаќање на долговите кон јавните и државните претпријатија.

— реклама —

Најверојатно овие пратеници ќе го блокираат и најавеното зголемување на минималната плата на 18.000 денари планирано за јануари 2022 година.

— реклама —

Долг период го кочеа и субвенционирањето на платите од 14.500 денари со пакетите антикризни мерки и притоа воопшто не помислија како преживуваат работниците и работничките тие неколку месеци додека блокираа.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е во процес на зголемување и тоа ќе стави крај на опструкциите во Собранието.

— реклама —

Зголемено стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе ги порази блокадите на опозицијата а владата ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните, ќе обезбедиме повисока минимална плата и недела неработен ден“, додаваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања