Промени тема
Контакт

СДСМ: Мицкоски да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
bogdanka-SDSM

Социјалдемократскиот сојуз денеска реагираше на интервјуто на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „360 степени“, во кое тој изјави дека нема докази за постоење на домашни или странски центри на моќ кои стојат зад неодамнешните пожари, меѓу кои и оној во Трубарево.

Од СДСМ велат дека ова признание директно ги демантира претходните тврдења на премиерот Христијан Мицкоски дека во позадина на пожарите стојат организирани структури. Според партијата, со тоа се потврдува дека јавноста била доведена во заблуда и дека биле ширени неосновани стравови.

— реклама —

„Со своите изјави, Мицкоски без факти и докази ја злоупотребил безбедносната состојба во државата и намерно предизвикал страв и паника кај граѓаните,“ наведуваат од СДСМ, додавајќи дека премиерот треба да сноси одговорност.

— реклама —

Во реакцијата се посочува и дека „ваква злоупотреба на институциите и нивно користење за политички поени претставува закана по граѓаните и по државата во целина“.

— реклама —

Мицкоски досега не се има јавно произнесено по последните изјави на министерот Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања