Промени тема
Контакт

СДСМ: Мицкоски да преземе одговорност и да си даде оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-1-750x430-1

Христијан Мицкоски мора да им се извини на граѓаните за сите лаги за наводно ново парламентарно мнозинство, а потоа да преземе одговорност и да се повлече од политиката, вели СДСМ.

„Заради желбата за власт Мицкоски седна на иста маса со анти НАТО, анти ЕУ политичари, со политичари кои се против Договорот од Преспа, против Охридскиот рамковен договор, против концептот едно општество за сите.

Се што Мицкоски кажа – излажа. Дури и парламентарното мнозинство го кроеше преку лаги и измами кон луѓето со кои седеше на иста маса.

— реклама —

Тој уште еднаш покажа дека нема став, дека е обичен калкулант желен за власт, а се покажа и дека Димитар Апасиев не е ништо друго освен обичен потрчко на Мицкоски.

— реклама —

Стана јасно дека Левица е исто што и ВМРО-ДПМНЕ, дека Мицкоски и Апасиев се едно исто.

Христијан Мицкоски конечно треба да преземе одговорност и да си даде оставка.

— реклама —

Граѓаните не сакаат и не заслужуваат политичари, кои ги лажат, немаат став за суштинските прашања, ниту идеја за иднината на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања