Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја трујат цела Македонија - немаат милост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15
Photo by Swanky Fella on Unsplash

Водата е отруена веќе во шест населени места. Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Преглово. Дури и во болницата во Лешок немаше безбедна вода, велат од СДСМ.

„Сега бела пена тече низ Лепенец и Вардар. Отровот стигна до Скопје.

Мицкоски и организираната криминална група ВМРО немаат милост. Нема одговорност. Нема кривични пријави.

Обвинителот Савески се сокри. Нема наредба од Мицкоски.

Никој не одговара. Никој од надлежните институции не поднесе одговорност.

— реклама —

Министерот за здравство ги навредува професорите и докторите, а не поднесува оставка.

Ова повеќе не е еколошка катастрофа. Ова е системско труење на цела Македонија.

Ова е директно загрозување на семејствата и децата на цела Македонија.

— реклама —

Со години ги труеа со лаги, омраза и пропаганда.

Сега ги трујат и со вода - најосновната животна потреба.

— реклама —

Додека тие менуваат министри, пуштаат дронови и се прават загрижени, граѓаните не смеат да ја пијат водата од чешма, а реките носат пена.

Маските паднаа. Лицето на оваа власт е јасно.

Трујачи“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во Валандово повторно е безбедна за пиење

Македонија | пред 18 часа

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Делови од Центар и Кисела Вода денеска ќе останат без вода

Скопје | пред 3 дена

bez-voda

Дел од Центар утре без вода поради водоводен приклучок

Скопје | пред 4 дена

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Прекин на водоснабдувањето во дел од Центар, еве кои улици се засегнати

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања