Промени тема
Контакт

СДСМ: Мицкоски ја малтретира јавноста за брзи предвремени избори, за задоволување на лични желби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slika-5

Со денови Христијан Мицкоски ја малтретира јавноста со барање за брзи предвремени избори, заради задоволување на своите лични желби, вели СДСМ.

„Нервозен е Мицкоски затоа што јавноста гледа дека неговите градоначалници не само што не работат, туку уште во првите месеци се фрлија на расипништво и партизација на општините.

Затоа Мицкоски со секојдневни барања за избори, со нарачани анкети сака да го оттргне вниманието од неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Данела Арсовска.

— реклама —

Новата Влада со полн легитимитет се формираше пред пет дена и нејзиниот мандат е до 2024 година, Мицкоски може да бара избори колку што сака, избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година.

Граѓаните се уморни од избори и бараат решавање на проблемите а не ново заглавување и закочување на државата. Барањето на Мицкоски е обид за опструкција на општеството.

— реклама —

Христијан Мицкоски е најмалку повикан да зборува за енергетиката и енергетската криза.

— реклама —

Двојно зголемување на цената на струјата, укинување на евтината дневна тарифа, честите повеќеднвени испади на енергетската мрежа се резултатите од неговото долгогодишно директорување со ЕСМ и советување на Никола Груевски.

Наместо идеи предлози, се што прави Мицкоски се несоновани критики и обвинувања“, се веку ви соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања