ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве сега конечно се самовработи во приватниот бизнис – како премиер, вели СДСМ.
“Од таа позиција си купува луксузни авионски карти па дури сака и авион, со пари на граѓаните.
Приватно гради хидроцентрали, приватно продава струја, туристички патува во Давос.
Луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра. Приватно.
Убаво си вели ВМРО – сè е приватно. Приватни пријателства, ортаци за тендери. Сè е приватно. Позната одлика на десничарите – заштита на крупниот капитал.
Приватен бизнис и часовници од 150 минимлани плати.
Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како него.
Увезуваат и „економски работници“. Сè е тоа бизнис. Приватно. За пари“, се вели во соопштението.