Промени тема
Контакт

СДСМ: Мицкоски треба да ги среди своите ставови и да каже што одлучи: Дали е за ЕУ или ќе продолжи во антиевропскиот блок заедно со Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski-27.05.2022

Пред нашата земја е историска шанса за продолжување на европскиот пат и одговорност на сите политички субјекти е да се приклучат на тој пат, вели СДСМ.

— реклама —

„Потребно е да се искористи моментот и поддршката од САД за да се реализира уште една стратешка цел - полноправно членство во ЕУ.

— реклама —

Но и овој пат како и многу пати претходно кога се решавале важни прашања од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гледаме несериозност, неодговорност и пречесто менување на ставовите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат и да кажат што одлучиле: дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица.

— реклама —

Ова е момент на вистината за Мицкоски кој со недели бега од одговор на ова прашање a ставовите ги менува секој ден.

— реклама —

Наместо да ја замајува јавноста, Мицкоски треба да ги среди своите ставови, да излезе пред јавноста и да каже што одлучи: Дали е за ЕУ или ќе продолжи во антиевропскиот блок заедно со Левица“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања