Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, вели СДСМ.

— реклама —

„Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери...?

Молкот е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта.

— реклама —

Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во власта.

Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога вредна милиони евра ја поминале границата?

Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари?

СДСМ со денови говори дека постои поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија. Овој случај е уште една потврда за тоа.

Криминални тендери, 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра. Како во мафијашки филм.

Молкот мора да престане.  Обвинителството мора да се разбуди, да спроведе целосна истрага и да лоцира одговорност за картелскиот скандал со 5 тони дрога, без разлика кој на која функција се наоѓа.

Нема бегање од одговорноста.

Сите ќе одговараат“, се вели во соопштението.



Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања