„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

СДСМ: „На улиците се пука како да сме Див Запад“: Партијата бара одговорност од министерот Панче Тошковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryss1ti5uvnqtndRvfcPR

СДСМ во денешното соопштение остро го критикуваше министерот Панче Тошковски и побара одговорност поради, како што велат, „колапсот на безбедносниот систем“ и растот на вооружените инциденти во земјата. Во реакцијата партијата го обвинува министертвото за партизација на полицијата.

— реклама —

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад.

Последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.

До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?

Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.

За тоа мора да има одговорност.

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност и да поднесе оставка?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања