„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДСМ: Надлежните судски органи ќе одредат дали и кој бил инволвиран во насилството на 27 април, а не Иванов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Согласно доказите и транспарентната судска постапка, надлежните судски органи ќе одредат дали и кој бил инволвиран во насилството на 27 април, а не Ѓорге Иванов, велат од СДСМ.

— реклама —

„Колку е несериозен и неодговорен Иванов покажа и денеска.

Од една страна тврди дека исказите во судската постапка за насилството од 27 април се невистинити а од друга ги потврдува, конкретно, Иванов потврди дека член од неговиот кабинет, Борис Јосифовски, бил во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ тој ден.

— реклама —

Иванов потврди и дека Миле Јанакиевски и Владимир Пешевски биле кај него со иницијатива поврзана со помирувањето.

Останува фактот дека Иванов е со целосно нарушен кредибилитет, со крајно неодговорна, негативна и сомнителна улога во општеството.

Иванов заговараше општа амнестија за криминалот и неказнивост, тој е срам за граѓаните и државата, неодговорен кон иднината а особено кон интеграциите, кон членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Ѓорѓе Иванов потроши два мандати а ниту еднаш не излезе во јавноста за некое клучно, и важно прашање за граѓаните, за државата, освен за потребите на Никола Груевски“, стои во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања