СДСМ не ги поддржа земјоделците само им испрати полиција да ги тепа, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zemjodelci-2

СДСМ не ги поддржа земјоделците само им испрати полиција да ги тепа, а производите наместо на откупен пункт завршија на буниште, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„5 години земјоделците излегуваат на улица, зошто нема ништо од сигурниот откуп и високите откупни цени, а кога јасно го кренаа гласот Заев и СДСМ им пратија полиција да ги тепа.

— реклама —

5 години праските завршуваат на депонија, зошто нема каде да се продадат. 5 години јаболката завршуваат во Преспанско езеро, 5 години оризот скапува во амбарите. 5 години по ред нема никаков откуп кој ќе овозможи земјоделците достојно да си го заработат лебот.

— реклама —

Власта со ништо не помогна. Субвенциите доцнат и по неколку години.

И оваа година субвенциите наместо да растат, парите кои се одвојуваат се намалуваат.

Со СДСМ земјоделието оди надоле. Единствен начин да тргне државата напред се брзи предвремени избори, со цел целосна смена на оваа неработничка власт“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања