„Еден час денеска потроши Данела Арсовска а не кажа ниту еден сработен, готов проект. Исто како што се празни првите 82 дена од нејзиниот мандат. Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема реализирано ниту еден, повторувам ниту еден конкретен, крупен проект. Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен“, рече Дарко Каевски од СДСМ.
Тој додава: Обновата на Универзалната сала. Бесплатниот превоз за скопјани. Треба да бидат завршени реконструкциите на 10 тина улици. Поминаа 82 дена од мандатот а наместо решенија и проекти, граѓаните на Скопје од Арсовска видоа само партизација на градската администрација и изземање од одговорност за своите надлежности.
Во својот отчет денеска Арсовска заборави да спомене неколку работи кои го одбележаа нејзиниот досегашен мандат:
Го прекина проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари.
Комплетно ги партизираше јавните претпријатија, јавните установи и Град Скопје.
Колку е партизирана работата на Град Скопје зборува и тоа што на денешниот отчет наместо државната, на неколку секунди беше пуштена химната на ВМРО-ДПМНЕ.
После 82 дена јасно е дека Данела Арсовска е најслабата градоначалничка на Скопје
Скопје и неговите граѓани не заслужуваат неспособна градоначалничка како што е Арсовска.