Промени тема
Контакт

СДСМ нека го исфрлат делот од законот за наставници каде овозможува груба партизација, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_4387

Соопштението на СДСМ е класичен пример за лажни вести. СДСМ преку производство на вакви лажни вести се обидува да се извади од тоа што не гласаше за усогласување и покачување на платите на наставниците. Ако бил идентичен законот како што вели СДСМ, тогаш зошто не го прифатија предлог законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, кој за разлика од предлогот на власта нема предвидено груба партизација. Еве ги повикуваме СДСМ да ги исфрлат членовите од предлог законот кои предвидуваат партизација на образованието и ќе прифатиме секое покачување, кое патем го предлагаше и ВМРО-ДПМНЕ.

Власта се обидува да протурка закон за наставници кој нема за цел подобрување на стандардот на образованието и подобрување на стандардот на наставниците, туку има за цел да овозможи груба партизација.

— реклама —
— реклама —

СДСМ планира вработувања на наставници и професори на неопределено без положен приправнички испит односно вработувања според партиската припадност, што значи директно рушење на квалитетот на образованието. Ова е штетен закон на коалицијата СДСМ и ДУИ и во обидот да го протуркаат насила креваат тензии и шират лажни вести.

— реклама —

На јавноста и е јасно дека со овој закон платите на просветните работници нема да се зголемат и затоа СДСМ стануваат нервозни. Доколку власта сакаше покачување на платите на просветните работници ќе го прифатеа амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со кој што ќе имаше скалесто покачување на платите и основната вредност на најнискиот коефициент и бод ќе се изедначеше со износот на минималната плата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања