Промени тема
Контакт

СДСМ нема да дозволи деструктивноста на Мицкоски и неговите блокади да ја закочат државата, најави Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Press-Bogdanka-Kuzeska-2021-06-02

„Во време на најголема економска и енергетска криза по втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи ефикасни решенија за граѓаните, Христијан Мицкоски најавува нови блокади“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа додава:

„Наместо како институција за креирање подобри закони во секојдневната борба за заштита на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го користат македонското Собрание за блокади.

Ова покажува дека деструктивноста на Мицкоски и неговата политичка инструментализираност како послушик на Никола Груевски нема граници.

Во светската политика се случува обедунување на партиите за помош на граѓаните и стопанството во време на вакви големи кризи, само кај нас ВМРО-ДПМНЕ сее поделби и спроведува блокади.

— реклама —

Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата се само дел од десетиците закони во интерес на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ беше против покачувањето на минималната плата, беше против воведување поврат на ДДВ за физички лица, беше против петитот пакет финансиска помош за граѓаните и компаниите, блокираше средства од Светска банка за борба против пандемијата од КОВИД 19.

Мицкоски е целосно и апсолутно незаинтересиран за било кој реален проблем на граѓаните, во паметот му е неговата партиска фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и својата политичка агенда.

— реклама —

Со најавите за уште поголеми блокади, Мицкоски не го блокира СДСМ, не ја блокира Владата. Мицкоски не му носи штета на СДСМ ниту на Владата.

Со ваквите неджравнички постапки Мицкоски носи штета единствено на граѓаните.

— реклама —

Обврска на СДСМ како одговорна, државотворна партија, заедно со мнозинството кое го предводи е да не дозволиме уцените и личните хирови на Мицкоски да нанесат штета врз државата и народот.

СДСМ останува отворен за сите добронамерни конструктивни предлози, но со сите демократски и разумни методи ќе се спротивстави на блокади и вештачки кризи заради лични и партиски интереси на Мицкоски.

СДСМ е одговорна партија и по секоја цена со сите, разумни општествени партнери ќе ги надмине блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори“, вели СДСМ

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Македонија | пред 17 часа

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните идиоти

Македонија | пред 1 ден

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ со остри обвинувања до Мицкоски: „Баш арамија!“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања