СДСМ: Нема одговор кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
UaYct-

5 тони дрога завршила во соседна Србија преку Македонија, косопственик од македонска фрима е меѓу уапсените а власта молчи за овој картелски скандал, вели СДСМ.

— реклама —

„Нема одговор кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога?

Нема одговори ниту за сликите на Мицкоски со криминалецот познат како Симе, уапсен во друг случај со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина пари.

— реклама —

СДСМ со денови алармира за поврзаност на криминални структури во Македонија и во Србија.

Со секој нов ден власта на ВМРО тоне сѐ подлабоко во скандали, криминал и корупција.

Криминални тендери, дрога од 5 тони, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници вредни 65.000 евра.

А нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра за работниците кои едвај врзвуваат крај со крај.

Како во мафијашки филм“, се вели во соопштението.



Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања