Промени тема
Контакт

СДСМ: Нема пари за зголемување на минималната плата, Владата најавува доаѓање на „економски работници“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarye1qqus1gjcrl5SBGcwC

Опозициската Социјалдемократски сојуз на Македонија оцени дека актуелната влада нема капацитет да обезбеди зголемување на минималната плата, ниту дополнителна финансиска поддршка за земјоделците и пензионерите.

На денешната прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, изјави дека, според партијата, граѓаните треба да се подготват за период без раст на платите и пензиите, поради, како што наведе, недостиг на средства во државниот буџет.

— реклама —

Според нејзините тврдења, Владата планира ангажман на таканаречени „економски работници“, за кои државата ќе има обврска да обезбеди плати, сместување и осигурување, без разлика дали ќе има реална работна ангажираност. Таа се повика на информации објавени во британски медиуми, во кои, како што рече, се наведува дека таквите обврски произлегуваат од меѓудржавен договор.

Цветановски нагласи дека, според ставот на СДСМ, токму овие обврски се една од причините поради кои, како што тврдат, нема средства за зголемување на платите на домашните работници и за повисоки пензии.

— реклама —

Во тој контекст, од СДСМ го поврзаа ангажманот на „економските работници“ со измените на Законот за странци, за кои наведуваат дека ги олеснуваат процедурите за влез, престој и работа на странски државјани, го продолжуваат времетраењето на дозволите и создаваат правна рамка за нивно подолгорочно задржување во земјава, особено во случај на ангажман преку таканаречени „стратешки партнери“.

— реклама —

Опозициската партија исто така изнесе тврдења дека во државниот буџет, како што наведуваат, недостигаат околу една милијарда евра и оцени дека Владата не покажува доволна грижа за животниот стандард на граѓаните, додека, според нив, има средства за реализација на јавни набавки кои ги оценуваат како спорни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zemjodelci

СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо - Мицкоски гледа за дата центри и антимон

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
maksim

СДСМ: Функциите на ЗНАМ се менливи, касата останува - отчетот е филм а предавството е факт

Македонија | пред 16 часа

sun-setting-silhouette-electricity-pylons

СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе

Македонија | пред 1 ден

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања