Промени тема
Контакт

СДСМ: Нови примери од анти-ЕУ кампањата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ свесно создава конфликти со соседните држави, меѓу кои Бугарија и Грција, со цел да ја оправда изолацијата на државата и да ги блокира евроинтегративните процеси, обвинувајќи ја Европската Унија за сопствените неуспеси, соопштија од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Од партијата наведуваат дека во изминатиот период се бележат низа примери на, како што ја оценуваат, анти-ЕУ кампања на актуелната власт. Според СДСМ, владата на премиерот Христијан Мицкоски намерно отворила конфликт околу македонскиот јазик, прашање кое, како што истакнуваат, одамна било затворено. Дополнително, посочуваат дека биле демантирани и официјални ставови на бугарското Министерство за надворешни работи, по што, според нив, повторно следеле прозивки и одбивање средби, со чекање на нови покани од бугарска страна.

— реклама —

СДСМ оценува дека ваквиот пристап резултирал со нови критики од Бугарија кон Македонија и прашува, како што велат, кому сè уште не му е јасно што прави актуелната власт. Според опозицијата, станува збор за организирана кампања чија цел е кај граѓаните да се предизвика негативен однос кон Европската Унија и таа да се прикаже како виновник за застојот, наместо владините политики.

— реклама —

Од СДСМ нагласуваат дека овие, како што ги нарекуваат, политики на намерна изолација веќе произведуваат конкретни последици, меѓу кои и проблемите со влезот и движењето на камионите и тешкотиите во транспортот. Според партијата, владата имала цели шест месеци на располагање да го реши овој проблем, но и покрај тоа што била свесна за него, не презела ништо.

— реклама —

Во соопштението се посочува и дека, според последните истражувања на јавното мислење, дури 71 отсто од граѓаните ја поддржуваат идејата за членство на Македонија во Европската Унија. СДСМ оценува дека тоа јасно покажува оти политиките на ВМРО-ДПМНЕ се спротивни на волјата на мнозинството граѓани и ја водат државата кон економска и политичка маргинализација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања