Промени тема
Контакт

СДСМ: Новите кадри на Мицкоски се веќе докажани протагонисти на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-1

Наводните освежувања кои ги најавува Христијан Мицкоски се во суштина стари кадри и веќе докажани протагонисти на ВМРО-ДПМНЕ, некои од нив уште од времето на Никола Груевски, вели СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат капацитет за промени ниту во партијата ниту во промена на политиките.

На пример, Гордана Димитриеска Кочовска е позната како заменик министерка за финансии во техничката влада, која среде пандемија кочеше изградба на болници за ковид пациенти.

За старите добро познати имиња уште од времето на режимот како десната рака на Миле Јанакиески - Владо Мисајловски кој останува потпретседател.

— реклама —

Во ова друштво е и најголемиот извор на лажни вести, Александар Николоски, кој останува на истатата позиција.

— реклама —

Самото тоа што и во овој состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Антонијо Милошески, Влатко Ѓорчев, Трајко Славески покажува дека Мицкоски ниту сака, ниту може да ја реформира својата партија.

За дежурните протагонисти на ВМРО – ДПМНЕ уште од времето на Никола Груевски нема потреба воопшто и да се коментира, тие ниту досега не беа „независни“ како што се претставуваа.

— реклама —

Она што граѓаните можат да го приметат е дека освен стари кадровски решенија ИК на ВМР0-ДПМНЕ и денеска не соопшти ниту еден предлог, мерка, решение во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаква алтернатива, напротив граѓаните од овој состав на партијата може да очекуваат континуитет на деструктивни политики, лажни вести и со неработење на градоначалниците“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања