Промени тема
Контакт

СДСМ обвинува: Повлекувањето на Кедев е дел од сценарио за заташкување на здравствен скандал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryn91c8325mv4q3tPvcer

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, оцени дека повлекувањето на д-р Сашко Кедев од Здравствениот совет при Министерството за здравство претставува сериозен скандал и отвора сомнежи за организирано заташкување на случајот со наводни непотребни кардиохируршки операции.

Според Цветановски, повлекувањето на Кедев не е случајно ниту временски, ниту суштински. Таа посочи дека оставката е примена во Министерството за здравство на 23 јануари, а како причина Кедев навел незадоволство од „започнатите контролни процеси“. Дел од медиумите, пак, пренесоа дека меѓу клучните забелешки е и работата на комисијата која требало да ги продолжи проверките за случаите на сомнителни и непотребни операции на срце.

Цветановски нагласи дека датумот 23 јануари е особено индикативен, бидејќи доаѓа само два дена по отворањето предмет од страна на Обвинителството, на 21 јануари, наводно „по допрен глас“, по јавните настапи на Жан Митрев, во кои изнесе обвинувања и клевети кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Министерот за здравство ја крие оставката на Кедев и за медиумите тврди дека таа не е пристигната, иако документот е примено уште на 23 јануари“, изјави Цветановски.

— реклама —

Таа потсети дека токму Кедев во ноември 2025 година јавно го објави, како што рече, најголемиот скандал во македонското здравство, поврзан со сомнежи за непотребни операции. И покрај тоа, два и пол месеци не следувале конкретни постапки, немало кривични пријави, ниту биле објавени имињата на инволвираните лекари и приватни здравствени установи.

„Два и пол месеци поминаа во молк и заташкување. Потоа Жан Митрев излегува со клевети на национална телевизија, Обвинителството експресно отвора предмет, а само два дена подоцна се повлекува Кедев. Дали ова е случајност? Ништо не е случајно“, порача Цветановски.

— реклама —

Таа го поврза случајот и со, како што рече, односот на премиерот Христијан Мицкоски кон правосудството, прашувајќи дали ова е „чувството за правда“ што тој го демонстрира преку јавни настапи и говори во Собранието.

Клучното прашање, според СДСМ, е дали јавните обвинувања на Митрев биле насочени кон тоа да се изврши притисок за повлекување на Кедев и да се сопре истрагата за наводните злоупотреби во здравството.

— реклама —

„Дали ова е цената што граѓаните треба да ја платат за да се заштити еден човек од одговорност? Зошто д-р Жан Митрев толку долго молчеше и сам не се пријави во Обвинителството? Дали се чекаше време за прикривање траги?“, праша Цветановски.

Таа порача дека за ваков скандал никој нема право да молчи или да калкулира и дека, како што истакна, „одговорност ќе има – за сите, без исклучок“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата - Сега умре и рибата во Треска“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лага“, велат од СДСМ

Македонија | пред 7 часа

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

СДСМ бара ДДВ од пет отсто за горивата: Предлогот на Владата е задоцнета и половична мерка

Македонија | пред 1 ден

media-librarylp2s5vk725q13iyFSDS

СДСМ бара Вранецот да се откупува по 28, а Смедеревката по 25 денари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања